Ракомет

Иванковиќ повторно во репрезентацијата — замена за повредениот Љевар

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По контролниот натпревар со Македонија во кој Хрватска славеше со 26-23, селекторот Дагур Сигурдсон направи промена во составот за претстојното Европско првенство. Поради повредата на левиот бек Леон Љевар, стручниот штаб мораше итно да реагира и да внесе ново решение на таа позиција.

Во националниот тим повторно беше повикан ракометарот на Охрид, Анте Иванковиќ. Хрватскиот интернационалец ги мина целосно подготовките во првата фаза и веќе е запознаен со системот на игра, па за него нема да биде потребен дополнителен период за адаптација.

Со враќањето во репрезентацијата, Иванковиќ ќе се бори за место на конечниот список на Сигурдсон за дуелите во групната фаза, каде што Хрватска ќе се соочи со Грузија, Холандија и Шведска. До почетокот на шампионатот, избраниците на исландскиот стратег ги очекуваат уште два силни теста против Германија — најпрво во Загреб, а потоа и во Хановер.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза од ракометниот Куп на Македонија, но триумфот имаше и дополнителна симболика....

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата елиминациска фаза од Купот на Македонија, но резултатот не беше единствената...

Поврзани написи
Ракомет

Роденденска победа: Младост славеше, а Жоао Габриел Диас Гекас доби изненадување

Младост Богданци вечерва убедливо го совлада Текстилец со 36:22 во елиминациската фаза...

Ракомет

Младост доби нов бисер: 13-годишниот Иванџиков дебитираше и погоди во Купот

Младост Богданци вечерва оствари убедлива победа од 36:22 над Текстилец во првата...

Ракомет

Куп: Младост го декласираше Текстилец, конечно радост за Радовиш, фаворитите според планот

Вечерва се одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во ракометниот Куп на...

Ракомет

Митревски блескаше, Пелистер до херојски бод во Данска!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер освои бод на тешкото гостување кај ГОГ Гудме,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!