Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Познат распоредот на натпреварите на Македонија на „Жолтиот куп“

Сподели
ФОТО: Ракометна федерација на Македонија
Сподели

Македонија пред настапот на Европското првенство ќе земе учество на „Жолтиот куп“, а преку три натпревари во три дена ќе ја проверува формата селекторот Кирил Лазаров.

Македонската репрезентација кон Швајцарија ќе отпатува в среда во раните утрински часови. Планиран е еден попладневен тренинг пред трите натпревари во исто толку денови.

На 8 јануари Македонија ќе игра со Бахреин од 20:30 часот, на 9 јануари нашата репрезентација ќе игра со Украина од 17:45, додека пак на 10 јануари македонската репрезентација ќе игра со Швајцарија од 18:30 часот.

Македонија последниот тест ќе го има против данскиот прволигаш Митјиланд на 13 јануари од 19 часот.

Европското првенство го отвараме против Данска на 16 јануари, два дена подоцна со Португалија, а пак на 20 јануари ќе играме со Романија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во ракометната Суперлига в сабота, на 14 ноември, од 18:30 часот во...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот клуб бележи максимален учинок во досегашниот дел од првенството, со седум...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!