В недела од 13 часот стартуваат натпреварите од осмата рунда на Третата македонска фудбалска лига – Исток, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.
Блаже Петковски ќе им суди на Хоризонт Турново и Ударник од Пирава, Игор Филипов ќе патува во Дојран каде ќе им суди на Дојранско Езеро и Светлост Зрновци, Александар Ѓоргиевски ќе им суди на Карбинци и Слога Виница, дербито на колот го доби Здравко Костовски ќе им суди на Овче Поле и Брегалница од Делчево во Свети Николе, а пак Александар Ананиев ќе им суди на Малеш и Тиверија во Берово.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 8. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:
Хоризонт Турново – Ударник, Блаже Петковски (Миравци)
Дојранско Езеро – Светлост Зрновци, Игор Филипов (Штип)
Карбинци – Слога Виница, Александар Ѓоргиевски (Радовиш)
Овче Поле – Брегалница Делчево, Здравко Костовски (Штип)
Малеш – Тиверија, Александар Ананиев (Кочани)