Прва лигаФудбал

Ѓоргиев главен во Охрид, Качевски ќе им суди на Пелистер и Вардар, Пилешков го доби дербито на колото во ПМФЛ!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Крумислав Ѓоргиев ќе ја дели правдата меѓу Воска Спорт и Тиквеш, Александар Грујоски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Шкупи и Гостивар, Јован Качевски ќе го суди дербито меѓу Пелистер и Вардар под рефлектори во Битола.


Александар Ставрев ќе им суди на Брера и Силекс, Димитар Пилешков го доби дербито на колото меѓу непоразениот лидер Работнички и Шкендија, а пак Игор Иванов ќе им суди на Беса и шампионот Струга Трим Лум.

Сите натпревари ќе започнат во 13 часот, освен мечот во Битола кој се игра под рефлектори со почеток од 19 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 13. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Воска Спорт – Тиквеш, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Шкупи – Гостивар, Александар Грујоски (Кичево)
Пелистер – Вардар, Јован Качевски (Струга)
Брера Струмица – Силекс, Александар Ставрев (Скопје)
Работнички – Шкендија, Димитар Пилешков (Штип)
Беса – Струга Трим Лум, Игор Иванов (Велес)


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поради неплатени картони, Вардар Неготино службено го загуби мечот со Борец

Борец доби службени три бода во натпреварот против Вардар од Неготино, откако Комесарот за натпреварување одлучи дуелот од 4. коло во Трета лига...

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поради неплатени картони, Вардар Неготино службено го загуби мечот со Борец

Борец доби службени три бода во натпреварот против Вардар од Неготино, откако...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!