Прва лигаФудбал

Спектакл во Битола: Пелистер под рефлектори против Вардар!

Сподели
Сподели

Рефлекторите ќе светнат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, токму на дербито меѓу Пелистер и Вардар, кое се игра во рамки на 11. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Продажбата на билети веќе е започната во Битола, а поради зголемената заинтересираност за натпреварот, секој ќе мора да поседува билет за истиот со исклучок на навивачите и љубителите на спортот кои веќе имаат обезбедно сезонска или ВИП карта.


Во недела продажбата на билети на стадионот „Петар Милошевски“ ќе започне во 16:30 часот до 18:30 часот.

„Интересот за натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар е голем. Затоа Фудбалскиот клуб Пелистер апелира сите гледачи да дојдат на стадионот порано и да си обезбедат билети. Во спротивно клубот не може да гарантира навремен влез на стадионот. Вратите на стадионот се затвораат во 18:30 часот, половина час пред почетокот на дуелот. Апелираме навивачите од двете екипи спортски да го поддржат својот тим во согласност со прописите и законот, без извици и пароли на национализам, расизам и слично. Внесување на тврди предмети (запалки, лименки, шишиња, алкохол, оружје итн.) ќе биде строго забрането“, се вели во соопштението на ФК Пелистер.

Поддршка пристина и од градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

„Почитувани граѓани, драги битолачни и љубители на спортот, би сакал да Ве поканам како градоначалник во предвечерието на големиот празник 4 ноември кога годинава славиме 80 години од ослободувањето на Битола на 3. ноември на големото дерби помеѓу Пелистер и Вардар овој пат под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ заедно со „Чкембарите“ да направиме спектакуларна атмосфера да дадеме и ние придонес во одбележувањето и на големиот празник меѓутоа и на овој натпревар кој еве првпат се организира под рефлектори во Битола“, рече градоначалникот Коњановски.

Дерби натпреварот меѓу Пелистер и Вардар ќе започне во 19 часот, а главен судија задолжен за правдата ќе биде Јован Качевски од Струга.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!