Втора лигаФудбал

Големо Коњари со епизодна улога во Втора лига, но докажа дека љубовта кон фудбалот е голема!

Сподели
Сподели

Екипата на Големо Коњари е на прагот да ја заврши својата кратка, но значајна епизода во Втората македонска фудбалска лига. Клубот од прилепското село, и покрај големата желба и ентузијазам, реално се соочува со неминовното – преселба во Трета лига по завршувањето на сезоната.

Во табеларна смисла, Големо Коњари тешко може да избега од зоната за испаѓање, а и самата управа, стручниот штаб и фудбалерите се свесни за моменталната ситуација. Сепак, и покрај резултатскиот биланс, клубот може да биде задоволен од она што го прикажа надвор од теренот.

Во текот на летото беа исполнети сериозни инфраструктурни услови – реновиран беше теренот, подобрени беа соблекувалните и создадени услови за натпреварување на домашен терен, нешто што во еден момент беше доведено под прашање. Под водство на претседателот Тони Даноски, клубот покажа дека има организациски капацитет и стабилна основа за понатамошно функционирање.

ФОТО: Големо Коњари – Детонит Плачковица

Враќањето во Втората лига по долга пауза донесе живот во селото, многу публика и фудбал од повисок ранг, што беше сон на локалната заедница со години. Иако престојот ќе биде краток, тој имаше своја тежина и значење.

Според информации на Спортска Мрежа, Големо Коњари сака и во следните сезони да биде конкурентен во Трета лига, како организациски така и резултатски, да се бори за горниот дел од табелата и да изгради стабилен тим за иднината.


Во минатото многу екипи кои испаднале од Втора лига се распаѓање, како што беше лани случајот со Вардарски од Богданци кој испадна од Втора лига и се распадна и не пријави учество во Трета лига – Исток, а од друга страна пак Братство од Житоше по испаѓањето од Втора лига – Исток, исто така не продолжи во Трета лига – Југ, но имало и многу други примери во минатото.

Пролетниот дел од Втората лига стартува на 21 февруари 2026 година, а до крајот на сезоната Големо Коњари ќе се обиде достоинствено да го одигра пролетниот дел и на достоинствен начин да се одјави од Втора лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Бујар Иљази си замина од Шкендија Арачиново, кариерата ќе ја продолжи во нова средина!

Од редовите на второлигашот Шкендија од Арачиново замина Бујар Иљази, 25-годишниот фудбалер кој може да игра како лево и десно крило кариерата ќе...

Втора лигаФудбал

Еди Мандак се раздели со Брегалница: Заминувам по еден важен период од мојата кариера

Младиот и талентиран фудбалер Еди Мандак се раздели со Брегалница и кариерата ќе ја продолжи во нова средина. 20-годишникот кој е дете на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Бујар Иљази си замина од Шкендија Арачиново, кариерата ќе ја продолжи во нова средина!

Од редовите на второлигашот Шкендија од Арачиново замина Бујар Иљази, 25-годишниот фудбалер...

Втора лигаФудбал

Еди Мандак се раздели со Брегалница: Заминувам по еден важен период од мојата кариера

Младиот и талентиран фудбалер Еди Мандак се раздели со Брегалница и кариерата...

Прва лигаФудбал

Искусниот дефанзивец Виктор Велкоски е слободен агент – постои интерес за неговиот потпис!

Искусниот дефанзивец Виктор Велкоски повеќе не е дел од прволигашот Работнички како...

Втора лигаФудбал

Филип Димоски ќе биде ново засилување на Осогово од Кочани!

Филип Димоски брзо пронајде нова средина по разделбата со прилепска Победа и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!