Европско првенство 2026Ракометна репрезентацијаРепрезентација

„Секогаш може подобро, но ова е добра увертира за ЕП“ – Галевски по победата над Украина

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонија забележа пресврт-победа над Украина во второто коло од „Жолтиот Куп“, по влегувањето на Иван Галевски на голот на стартот од второто полувреме.

Младиот чувар на мрежата го предводеше тимот со одлична серија од одбрани која резултираше со клучен триумф.

„Имавме осцилации во играта, но тоа е нормално во ваков турнирски систем на натпревари. Ова ќе ни помогне многу, бидејќи истото нè очекува и на Европското првенство. Ова е добра увертира за што подобро да се подготвиме, да ги анализираме нашите недостатоци и оваа победа ни значи многу за самодовербата која ни е потребна пред мечот со Швајцарија.”- изјави Галевски.

Исто така, тој потенцираше дека и покрај осцилациите во играта, неговиот настап и настапот на тимот биле клучни за пресвртот и победата, и дека ваквите турнирски натпревари се важна подготовка за Европското првенство.

,, Секогаш може подобро, задоволен сум од својот настап, јас сум тука за да ја искористам секоја шанса што ќе ми биде пружена. Мора да потенцирам и дека голема заслуга за тоа имаат и соиграчите кои што одлично затвораа во одбраната во вториот дел и ми дадоа ветар во грб за да можеме заедно да ја оствариме оваа победа“- додаде младиот чувар на мрежата.

Следниот натпревар на Македонија ќе биде против домаќинот на турнирот, Швајцарија, во последното коло од „Жолтиот Куп“.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!