Втора лигаФудбал

Филип Димоски ќе биде ново засилување на Осогово од Кочани!

Сподели
Сподели

Филип Димоски брзо пронајде нова средина по разделбата со прилепска Победа и кариерата ќе ја продолжи во редовите на второлигашот Осогово од Кочани. 26-годишниот фудбалер во Осогово доаѓа во зимскиот преоден рок, со цел да му помогне на тимот во борбата за исполнување на сезонската цел.

Прилепчанецот одново ќе го облече дресот на Осогово, откако во неговиот прв престој во Кочани го носеше дресот на Осогово во период од август 2018 до јануари 2019 година.

Димоски зад себе има солидна есен во дресот на Победа, каде што беше еден од поважните фудбалери, а претходно значително придонесе и за директниот опстанок на прилепчани минатата сезона. Сепак, во текот на зимската пауза реши да побара нов предизвик и да ја прифати понудата од кочанскиот второлигаш, како што дознава Спортска Мрежа, а се очекува клубот да го промовира во следните денови.

Осогово во пролетниот дел ќе влезе од осмата позиција на табелата со освоени 23 бодови, а амбицијата на клубот е да се задржи во топ осум и на тој начин да обезбеди директен опстанок во Втората лига. Ангажманот на Димоски е дел од плановите на клубот да го зацврсти ростерот и да обезбеди поголема сигурност во продолжението од сезоната.


Низ својата кариера, новиот фудбалер на Осогово има настапувано за повеќе македонски клубови меѓу кои Детонит Плачковица, Охрид, Каменица Саса, Питу Гули, Вардар Неготино, Осогово, 11 Октомври, како и за Победа, од каде што и пристигнува во Кочани.

Со доаѓањето на Филип Димоски, Осогово добива проверено име и играч со искуство, од кого се очекува да има значајна улога во остварувањето на клупските амбиции во пролетниот дел од второлигашкиот шампионатот.


Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!