Прва лигаФудбал

Силекс ќе има реконструкција во ростерот: Тројца фудбалери заминаа од Кратово

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалскиот клуб Силекс веќе ги повлече првите потези во зимскиот преоден рок, најавувајќи промени во ростерот во пресрет на пролетниот дел од сезоната, во кој кратовчани ќе водат сериозна битка за европските позиции.

Клубот официјално се раздели со три фудбалери – двајца странци и еден домашен играч, со што се отвора простор за освежување на тимот во продолжението од шампионатот.

Кратово го напушта офанзивецот Алдин Хрвановиќ, кој пристигна од Слобода Тузла и остави солиден белег во есенскиот дел. Босанецот настапи на 15 прволигашки натпревари и постигна три погодоци, а беше исклучително ефикасен и во Купот, каде на два меча реализира три гола. Во европските квалификации за Конференциската лига на УЕФА, Хрвановиќ запиша уште еден погодок на два настапи.

Од редовите на Силекс си заминува и Миљан Говедарица, 31-годишно лево крило од БиХ. Тој во Првата лига одигра десет натпревари, постигна еден гол и додаде две асистенции, додека во Купот беше прецизен двапати. Говедарица беше дел и од европските настапи на кратовчани ова лето.


Третото име кое повеќе нема да биде дел од Силекс е Бојан Рајков. Десниот бек беше член на клубот од 2021 година и оваа есен запиша десет настапи, при што се истакна со три асистенции, давајќи значаен придонес во офанзивната игра од последната линија.

Со овие промени, јасно е дека Силекс влегува во фаза на селекција и прилагодување, со цел тимот да биде уште поконкурентен во борбата за врвот и европска виза во пролетниот дел од сезоната.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!