Останато

Јанта Волеј се засили со младата репрезентативка Матеа Попоска

Сподели
ФОТО: Јанта Волеј
Сподели

Екипата на Јанта Волеј го продолжува процесот на екипирање за понатамошниот дел од сезоната и официјално го промовираше новото засилување – младата и перспективна одбојкарка Матеа Попоска.

Попоска има 17 години, а настапува на позицијата техничар. И покрај младата возраст, таа веќе има значајно интернационално искуство, откако го носеше репрезентативниот дрес на Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), кој минатата година се одржа во Скопје, како и на U19 Балканијадата во Тирана.

Новата членка на Јанта Волеј доаѓа од редовите на скопската екипа Газели Волеј, каде што со своите настапи го привлече вниманието и се истакна како еден од најталентираните млади техничари во домашното првенство.

Од клубот очекуваат Попоска да донесе свежина, енергија и дополнителна конкуренција во тимот во продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!