Шампионот Форца со победа ја отвори новата сезона во Првата футсал лига, откако првите два меча беа одложени поради обврските во Лигата на шампионите, па практично мечот од 3. коло беше прв за Форца, која со убедливи 4:9 го доби Шкупи во гости.
Победата беше најавена уште во првиот дел кога тимот од Куманово имаше предност од убедливи 1:5, а во вториот дел играше на рутина.
Зекир Зејнели погоди за Шкупи во првиот дел, а во второто полувреме стрелаше Ерблин Даци и двапати Бурак Мемедов.
За Форца хет-трик постигна Еркан Сефери, а по еден гол имаат Берат Рамадани, Иван Крстевски, Иљаз Чиљафи и Јасир Зекири, а по еден гол постигна бразилскиот интернационалец Игор Рикардо Де Алмеида Постиго и засилувањето од Венецуела, Јесус Алејандро Ривас Миранда.