Ракомет

Од +9 до трилер завршница: Вардар со триумф во Тулуз!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

По драматични 60 минути и возбудлива завршница, Вардар успеа да слави на гостувањето кај Тулуз со 28-26 (18-11), обезбедувајќи го вториот триумф во групната фаза од Лига Европа. Иако „црвено-црните“ имаа дури девет гола предност во почетокот на второто полувреме, сепак мораа низ тешка завршница да го потврдат успехот.

Французите се вратија во игра во вториот дел, кога од 20-11 во 32. минута успеаја да намалат на 23-22 во 47. минута и целосно ја разнишаа сигурноста на Вардар. Натпреварот влезе во драматична завршница, во која македонскиот шампион ја бранеше минималната предност и се обидуваше да ја одржи концентрацијата до самиот крај.

Во последните пет минути Вардар влезе со резултат 27-24 и играч повеќе. Боно зголеми на 28-24, по што следеше обид на домаќините да се вратат, но времето не беше нивен сојузник. Тулуз намали на 28-25, Чупиќ побара тајм-аут, а по неколку нереализирани напади на двете страни, конечниот резултат го задржа Гогов со важна одбрана во последните секунди.

Првиот дел, пак, беше вистинско ракометно шоу на Вардар. Екипата одигра совршено полувреме во кое ги надигра Французите во секој сегмент. Одбраната функционираше беспрекорно, нападот беше разновиден и ефикасен, а домашниот стратег Анѓелковиќ беше принуден двапати да повикува тајм-аут во првите 20 минути. Вардар поведе со 6-1, а до 23. минута веќе имаше убедливо водство од 14-8, кое до паузата прерасна во 18-11.

Најефикасен во победата беше Јака Малус со 6 гола, зад него Дмитро Горига со 4, а Боно, Јанковски и Митровиќ постигнаа по 3. Голманот Васил Гогов забележа три важни интервенции, а Милош Валах се истакна со повеќе значајни одбрани во клучни моменти.

Со оваа победа, Вардар повторно ја потврди својата европска стабилност и покажа карактер – дури и кога предноста се топи, тимот не се предава и знае да го заврши мечот во своја корист.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар постави откупна клаузула од 1.500.000 евра за Роџерс Касим Мато

Есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, официјално соопшти дека Управата на клубот донела одлука да утврди откупна клаузула во износ од...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Шкендија Арачиново се засили со големиот талент Зани Назифи

Второлигашот Шкендија Арачиново го промовираше петтото зимски засилување во своите редови, откако официјално го претстави Зани Назифи како нов играч. Се работи за...

Поврзани написи
Европско првенство 2026РакометРепрезентација

Хрватска на ЕП без ракометарот на Охрид – објавен конечниот список на Сигурдсон

Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави конечниот список на ракометари за...

РакометРепрезентација

Кадетскиот Мундијал 2026 ќе се игра во Романија!

Романија ќе биде домаќин на Светското првенство за кадетки во 2026 година,...

Ракомет

Ѓукиќ со пофалби за македонската Супер Лига: „Македонците се ракометни фанатици“

Во интервју за српскиот портал MozzartSport, ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Ѓукиќ,...

Европско првенство 2026Ракомет

ЕП 2026: Што носат „Хероите од морето“ – анализа на Португалија, ривалот на Македонија во групата Б

Португалската ракометна репрезентација, позната под прекарот „Хероите од морето“, со големи амбиции...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!