Ракомет

ФОТО: Радовиш немаше сили во вториот дел – Тиквеш со висок триумф!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Тиквеш 2014 запишаа значајна победа во осмото коло од Суперлигата, откако на гостински терен славеа над Радовиш со резултат 26-33.

Домаќинот храбро му парираше на фаворитот во првото полувреме и на паузата замина со водство од 13-11. Радовиш делуваше мотивирано и решен да ја прекине серијата порази, но гостите од Кавадарци целосно го презедоа ритамот по паузата.

Тиквеш израмни на 14-14, а потоа со одлична одбрана и брзи транзиции направи серија која му донесе убедлива предност од седум гола (20-27). До крајот на натпреварот кавадарчани без поголеми проблеми ја одржаа контролата и стигнаа до третата победа сезонава.

ФОТО: Спортска Мрежа

Најефикасни кај победничкиот тим беа Димитар Коцев и Богдан Мијушковиќ со по седум погодоци, додека Мартин Димовски постигна шест. Кај Радовиш, најдобар поединец беше Мартин Димов со осум голови.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во следното коло Радовиш го очекува тешко гостување кај актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, додека Тиквеш на домашен терен ќе го нагости Прилеп.

ФОТО: Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!