РакометРепрезентација

Кадетскиот Мундијал 2026 ќе се игра во Романија!

Сподели
ФОТО: IHF
Сподели

Романија ќе биде домаќин на Светското првенство за кадетки во 2026 година, откако Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ѝ ја довери организацијата на уште еден голем настан.

Имено, мундијалот за ракометарки до 18 години ќе се одржи во периодот од 29 јули до 9 август, а учество ќе земат вкупно 32 национални селекции.

Натпреварите ќе се играат во четири градови – Крајова, Миовени, Питешти и Римнику Валчеа, со што Романија уште еднаш ја потврдува својата улога како важен организатор на меѓународни ракометни натпреварувања.

Ова ќе биде трет голем настан за романскиот ракомет во краток период, по Европското првенство за младинци и Европското првенство за сениорки, на кое земјата е ко-домаќин.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!