Ракомет

Еурофарм Пелистер со храбра партија против Барселона, но бодовите заминаа во Каталонија

Сподели
Сподели

Пред полните трибини во салата „Боро Чурлевски“, ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа борбен натпревар, но на крајот мораа да му честитаат на големиот фаворит – Барселона, која славеше со 34-30.

Битолчани тргнаа мотивирано и без респект, па првите дваесетина минути го држеа чекорот со каталонскиот гигант. Во одлична форма беше голманот Никола Митревски со неколку извонредни интервенции, додека во нападот најмногу се истакнуваа Дејан Манасков и Ник Хенигман. На половина од првиот дел резултатот беше израмнет, но неколку технички грешки и пропуштени шанси им овозможија на гостите да направат серија и да заминат на пауза со позитива од четири гола (13-17).

Во второто полувреме Барселона го контролираше темпото и не дозволи сериозна закана по својата предност, иако Еурофарм Пелистер во неколку наврати се доближи на „минус три“. Со поддршка од трибините и агресивна одбрана, домаќините не се предаваа, но искусниот тим на Ортега знаеше како да го задржи водството до самиот крај.

Најдобар стрелец на мечот беше Ник Хенигман со осум погодоци, а веднаш зад него беше Дејан Манасков со седум гола од исто толку обиди. Митревски повторно беше меѓу најдобрите, со 13 одбрани и неколку спектакуларни реакции кои го кренаа публиката на нозе.

ФОТО: Преполна сала во Битола

Кај Барселона, Дика Мем и Домен Макуц постигнаа по шест гола, а нивниот тим уште еднаш покажа зошто важи за најсилен во Европа.

И покрај поразот, Еурофарм Пелистер покажа дека може да се носи со најдобрите. „Зелените“ ќе се обидат да ја прекинат негативната серија во следното коло, кога ги очекува гостување кај актуелниот европски првак Магдебург на 23 октомври.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!