Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Сподели
Сподели

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига, но Давид Јовчевски од домашниот тим имаше меч за паметење.

Во првите десеттина минути се играше гол за гол, а потоа штипјани започнаа да прават резултатска разлика и на полувреме имаа предност од 16:23.

Во вториот дел Шампион воопшто немаше сили да го следи противникот кој дојде и до плус десет при 21:31, а на крајот славеше висока победа од конечни 36:48.

За домашниот тим прво име беше Давид Јовчевски со фантастични 18 гола, но неговите погодоци не беа доволни за бодови, а пак шест гола имаше Андреј Божиновски.

Кај Текстилец со 11 гола прво име беше Јован Атанасовски, еден помалку имаше Филип Савев, а пак осум гола постигна Филип Џинес.


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!