Ракомет

Пепи Манасков повеќе не е тренер на Вардар Неготино

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Како што дознава Спортска Мрежа, по само неколку кола од стартот на сезоната во Првата лига, ракометниот клуб Вардар Неготино и тренерот Пепи Манасков се разделија, а одлуката е донесена по заеднички договор, со цел екипата да направи нов чекор напред во резултатска смисла.

Неготинци, кои во летниот период најавија високи амбиции и борба за највисок пласман, во првите натпревари не успеаја целосно да ги оправдаат очекувањата. По гостинските порази од Младост во Богданци во рамки на третото коло (31:28), и од  Текстилец во Штип со резултат 35:33 во меч од 5 .коло, клубот реши да направи промена на клупата и да побара ново решение за тренерската позиција.

Манасков, кој летоска ја презеде екипата со јасна цел да ја вклучи во битката за врвот, сепак не успеа да ја стабилизира формата на тимот во првите кола. И покрај тоа, во Неготино останува почит кон неговата работа и искуство, а сите страни се разделуваат во коректна атмосфера.

Во наредниот период ќе биде познато кој ќе го предводи Вардар Неготино. Тимот веќе во следното коло ќе има можност за рехабилитација, но ќе биде исправен и пред сериозен предизвик, бидејќи ќе игра дерби кога на домашен терен ќе го пречека составот на Драчево Јуниор.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на Вардар 1961 реализираа посета со посебно значење, оддавајќи почит на историјата...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на 17 ноември ги очекува исклучително важен дуел во Лигата на Европа....

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!