Прва лигаФудбал

Суспендиран стадионот во Чаир, ФК Шкупи пред дисциплинска комисија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за суспензија на стадионот во Чаир на неодредено време, сè до носење на конечна одлука на Дисциплинската комисија.

Истовремено, против ФК Шкупи 1927 е покрената дисциплинска постапка и предметот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ.

Причина за одлуката се сериозните инциденти на натпреварот од 7. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Шкупи и ФК Македонија ЃП, кога дел од домашната навивачка група запалија и фрлија факели на теренот и во делот каде беше сместена ТВ продукцијата на натпреварот, при што беше предизвикано сериозно оштетување на дел од опремата на Македонската телевизија (МТВ), која го реализираше директниот пренос.

И покрај реакциите на службите на ФФМ и делегатот на натпреварот до официјалните лица на ФК Шкупи за време на мечот, не беа преземени никакви мерки за спречување на дополнителна штета.

Македонската телевизија со официјален допис ја извести ФФМ дека штетата треба да биде надоместена и дека на стадионот во Чаир нема услови за непречено и професионално вршење на ТВ преноси, поради што нема да врши директни преноси од овој стадион сè додека не се создадат безбедни услови за работа.

Дополнително, дел од домашните навивачи запалија банер на гостинската навивачка група „Лавови“.

ФФМ уште еднаш апелира до сите клубови да преземат максимална одговорност и мерки за обезбедување ред и соодветни услови за работа, со цел создавање безбедна и спортска атмосфера на сите стадиони во земјата.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата...

ФудбалФутсал

Шкупи во финишот до три бода, Форца со 15 гола против Клими, Осогово до голем триумф!

Поранешниот шампион Форца со неверојатни 15:1 го „разнесе“ Клими од Кавадарци во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!