РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Втора победа за Македонија до 15 години против Косово

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 15 години славеше и на вториот контролен натпревар против Косово.
По победата во Приштина од 1:0, денеска на тренинг центарот “Петар Милошевски”, селекцијата предводена од Горан Станковски славеше со убедливи 4:1.

Веќе во 10. минута, Алиу по центаршут на Христов погоди за наше водство. До полувремето не искористивме неколку добри прилики преку Петков, Незири и Рожајац за удвојување на предноста.

Косово по само две минути од второто полувреме го израмни резултатот на 1:1. Стрелец на голот беше Авдиметај. Предноста ја вративме во 55. минута со гол од пенал на Алиу. Аврамоски во 68. минута донесе 3:1 по асистенција на Трајков, а конечниот резултат го постигна Јанчевски по уште едно додавање на Трајков.

Македонија до 15 години: 1. Марио Стојковски, 2. Хамза Зубери (59’ Амар Незири), 3. Ејман Емини, 4. Давор Таневски, 5. Дин Рожајац (К), 6. Калин Аврамовски, 7. Стефан Стојановски, 8. Васко Трајков (66’ Фисник Амити), 9. Јован Јанчевски (41’ Дин Баталоски), 10. Борис Матески (66’ Ариан Исаку), 11. Дијар Алиу (53’ Енез Ферати); Селектор: Горан Станковски.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската ракометна репрезентација ги започна подготовките за ЕП 2026, Македонија ќе игра турнир во Турција

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија го одржа собирот во Скопје, со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!