ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Бирлик со убедлива победа, високи домашни победи за Младост МФКУ и за Младост од Удово во ОФЛ Валандово!

Сподели
Сподели

Успешно започна новата сезона во Општинската фудбалска лига во Валандово, а во рамки на првото коло беа постигнати голем број на погодоци на сите три натпревари.

Бирлик од Дедели го доби Чешвал во меч со седум погодоци, за триумф на тимот на Бирлик од 5:2.

Миле Вангелов во 9. минута го отвори мечот за водство на домашниот тим, а пак Денис Реџепов во 20. минута постигна гол за 1:1. Сепак, домаќинот преку Васил Петков имаше предност од 2:1 на полувреме.

Во вториот дел Томче Зафиров зголеми на 3:1, а Чешвал се обиде да се врати во игра откако преку Живко Петков во 60. минута намали на 3:2.

Бирлик не дозволи изненадување, Анџелко Митков во 73. минута стрелаше за 4:2, а пак Вангелов со втор гол ги постави конечните 5:2.

Младост од Удово со убедливи 3:0 славеше над Вардар Мар, во меч каде сите три погодоци беа постигнати во вториот дел, а двоен стрелец беше Александар Дончев, додека пак третиот гол беше дело на Петар Танчев.

Младост МФКУ со победа над Црвена Ѕвезда од 3:0 ја започна новата сезона. И на овој меч трите погодоци беа постигнати во вториот дел.

Резултатот го отвори Димитар Жабоков кој во 55. минута стрелаше за 1:0, а до крајот Никола Џонов со два погодоци ги постави конечните 3:0. Во рамки на првото коло слободна беше екипата на Тиса.

Фудбалот во Валандово се враќа на голема врата, покрај реактивирањето на Општинската фудбалска лига, ФК Победа Валандово се врати во Трета лига – Исток, а полните трибини на Градскиот стадион во Валандово, како и поддршката од верните „Калинкари“ на стадион е потврда дека Валандово е спортски град, дека Валандово го сака фудбалот и дека Валандово чекаше на враќање на фудбалот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Пицерија Дивино со лото победа, Џокер Фурка со убедлива победа на „Стојаково 2025“

Вечерва се одиграа нови четири возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – два натпревари кај јуниорите и два натпревари кај...

ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река – ова беше пресметка на двата лански второлигашки, а лидерот беше подобар...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Железарец го доби дербито со Црна Река, Каршиака ги собра бодовите во Пробиштип!

Железарец останува непоразен лидер откако го доби дербито со Црна Река –...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!