Ракомет

ВИДЕО: Радовишанецот Ѓоргиев со гол на своето деби – погоди против Алкалоид и го надмудри Галевски!

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Радовиш и покрај новиот пораз во првенството излезе со светла точка од дуелот во Автокоманда – промовирање на ново младинско богатство. Само 16 години има Александар Ѓоргиев, но младиот радовишанец покажа дека не се плаши од големата сцена.

Во судирот со силниот Алкалоид, Ѓоргиев ги доби првите минути во сениорскиот тим и веднаш остави впечаток. Одговорноста ја презеде без двоумење: доби удар за седум метри, ја зема топката самоуверено и со прецизен шут го совлада искусниот Галевски, при што ги собра аплаузите од публиката во салата во Автокоманда.

Со ова деби-издание, Ѓоргиев кој е роден на 12 мај 2009 година стана најмладиот реализатор на Радовиш во актуелната сезона и уште еднаш го потврди стратегискиот курс на клубот – да им дава простор на своите играчи од школата и да вградува таленти во првиот тим.

Дополнително, вчера свое деби имаше и Стефан Велков, исто така 16-годишно момче од Радовиш кое ги запиша првите минути во ракометната елита на Македонија и на тој начин ја започнува својата сениорска авантура.

Радовиш продолжува со планската работа со младите, а првиот гол на Ѓоргиев е јасен сигнал дека иднината пристигнала – и тоа со стил.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!