Втора лигаФудбал

Победа остана без тренер – Стојанче Дунимаглоски си поднесе оставка!

Сподели
ФОТО: Екипата на ФК Победа
Сподели

Прилепскиот второлигаш остана без тренер откако Стојанче Дунимаглоски си поднесе оставка. Ваквата одлука на младиот тренер доаѓа после големиот пораз на Победа од Скопје на стадионот „Железарница“ во Автокоманда од 8:1.

Победа која е во тотален хаос, сега остана и без тренер, со што ќе треба да се решава и испразнетото тренерско место.

Прилепчани сезоната ја отворија со пораз од Новаци во гости (2:0), потоа на домашен терен забележаа реми од 2:2 против Каменица Саса, но веќе во третото коло следуваше вистинска катастрофа – пораз од 5:0 во Ресен од Преспа.

Во четвртото коло Победа беше блиску до бодови, но загуби од Охрид со 2:3, а пак во рамки на 5. коло беше декласирана од Скопје со 8:1.

Со само еден освоен бод и учинок од четири порази и едно реми екипата на Победа е претпоследна со само еден бод, а гол разликата е пет постигнати и 20 примени погодоци.

Но, Победа се соочува и со многу други посериозни проблеми, пред се финансиите и долговите, што отвара едно сериозно прашање како клубот ќе се нормализира, ако воопшто може, бидејќи во претходните сезони до последно коло се бореше за опстанок, а една сезона и играше бараж за опстанок, но се чини дека сезонава ќе биде тешко и за такво нешто.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Кавадарци ќе биде домаќин на 26. меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди“ – три екипи во чест на фудбалските великани

Во сабота на Градскиот стадион во Кавадарци ќе се одржи 26. издание на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров и тиквешките легенди 2026“, во...

Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10. коло на Суперлигата, меч кој се игра во салата „Билјанини Извори“...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!