Останато

Ѓорческа со пресврт до четвртфинале на W75 турнирот во Букурешт

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди ново четвртфинале на W75 турнирот во Букурешт, откако во вчерашниот меч од второто коло ја совлада Италијанката Ноеми Басилети со 2-1 во сетови (3-6, 6-3, 6-4) по голема борба која траеше 130 минути.

Ѓорческа лошо го отвори мечот – по водството од 2:1 во првиот сет, дозволи серија од четири гема на Басилети и го загуби сетот со 3:6. Во вториот сет Италијанката имаше предност од 3:2, но македонската тенисерка возврати со серија од четири гема и израмни на 1-1 во сетови со 6:3.

Одлучувачкиот сет донесе голема неизвесност. Басилети поведе со 3:1, но Ѓорческа со три врзани гема направи пресврт за 4:3. При резултат 4:4, македонската тенисерка одигра најдобро кога беше најпотребно, доби два гема во низа и со 6:4 го осигура конечниот триумф, искористувајќи ја четвртата меч-топка.

Со оваа победа Ѓорческа обезбеди пласман меѓу најдобрите осум. Денес во четвртфиналето ќе игра против Финката Лаура Хиетаранта, која со 2-0 во сетови ја елиминираше Јулија Авдеева.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на гостински терен убедливо го совладаа австрискиот Келаг Ферлах, овојпат...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Поврзани написи
Останато

Газели Волеј и Вардар преку тај-брејк до нови победи во Првата лига

Второто коло од Првата одбојкарска лига за жени донесе голема неизвесност и...

Останато

Познат изгледот на Првата А и Б одбојкарска лига во машка конкуренција

По комплетирањето на натпреварите од претколото, познат е составот на двете групи...

Останато

Универзитет во Тетово преку „златен сет“ обезбеди пласман во Првата А лига

Одбојкарите на Универзитет во Тетово го освоија последното место во Првата А...

Останато

Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево обезбедија место во Првата А лига

Одбојкарските екипи на ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево успешно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!