Прва лигаФудбал

Бењамин Ќерими ќе им суди на Пржино и Истатов, дербито меѓу Љуботен и Скопје го доби Вјолца Изеири

Сподели
Сподели

Петтата рунда од Првата женска фудбалска лига ќе се игра во два денови, а колото се отвара в недела со три натпревари, а се затвара дури во среда (17 септември) со останатите два натпревари. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 5. коло.

Речица на домашен терен ќе игра против Тиверија Брера, каде главен судија ќе биде Спире Арсов од Кочани, а ќе му помагаат Снежана Илиевска од Македонска Каменица и Богданчо Ѓеоргиев од Кочани.

Контролор на натпреварот ќе биде Билјана Миланова од Свети Николе.

Во Струга екипата на Ас Јунајтед како фаворит ќе игра против битолски Топ Гол, а правдата ќе ја дели Димитар Левески од Охрид.

Негови помошници ќе му бидат Стефан Петрушевски и Мишо Ѓорѓиески од Охрид, а пак Марјан Ецкоски од Охрид ќе биде контролор.

Во Пржино ќе се игра дерби меѓу Истатов и Каменица Саса, а за правдата ќе биде задолжен Бењамин Ќерими од Скопје, а помошници ќе бидат Филип Ицковски од Скопје и Татјана Ивановска од Куманово.

Контролор на овој натпревар ќе биде Драган Ристовски од Куманово.


Во среда ќе се одигра дербито на двете засега максимални екипи шампионот Љуботен и Скопје. Вјолца Изеири од Гостивар ќе биде главен судија, а нејзини помошнички ќе бидат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ од Скопје.

Контролор на средбата која се игра во Тетово ќе биде Душко Милошески од Скопје.

Дербито од дното за прва сезонска победа на Вардар и Кочани ќе го суди Ангела Рајчевска од Скопје, нејзини помошнички ќе бидат Цветанка Савеска од Јегуновце и Тамара Астарџиева од Скопје. Контролор ќе биде Орданчо Ангелов од Неготино.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Речица

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено вчера во Крива Паланка, но воведниот меч не понуди ниту победник, ниту голови. Академија...

Втора лигаФудбал

Охрид на врвот во Втора лига, победничка фотка по победата над Работнички

Охрид останува на врвот во Втората македонска фудбалска лига, откако со минимални 1:0 го совлада Работнички во дербито на 9. коло. Давид Матески...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Речица

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено вчера во Крива...

Втора лигаФудбал

Охрид на врвот во Втора лига, победничка фотка по победата над Работнички

Охрид останува на врвот во Втората македонска фудбалска лига, откако со минимални...

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!