Трета лигаФудбал

Рудар со триумф ја отвори новата сезона – Малеш загуби во Пробиштип

Сподели
Сподели

Рудар по една година пауза се врати во Третата македонска фудбалска лига – Исток, а во рамки на првото воведно коло славеше со 2:1 над Малеш од Берово и победнички ја отвори новата сезона.

Екипата на Рудар во самиот финиш на првиот дел го отвори резултат за водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Антонио Стојчов постигна го за 2:0 во 55. минута, а во 59. минута Михаил Гошевски ги постави конечните 2:1.

Од 81. минута до крајот екипата од Берово беше со играч помалку на теренот откако Марјанчо Пачарски заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра.

ФОТО: Спортска Мрежа

Како што веќе претходно објави Спортска Мрежа, екипата на Ударник со 2:1 славеше над Брегалница од Делчево, Светлост Зрновци со 0:1 дома загуби од Карбинци.

Екипата на Овче Поле со 3:0 славеше над Тиверија, а пак Дојранско Езеро дома беше поразен од Хоризонт Турново со 2:3.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!