Втора лигаФудбал

Стојанов по триумфот над Големо Коњари: На полувремето направивме корекции, во вториот дел беше вистинската Беласица

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Беласица ја оствари својата најубедлива победа сезонава, совладувајќи го тимот на Големо Коњари со високи 1:7 во рамките на третото коло од Втората македонска лига. Новото засилување Бојан Спиркоски блесна со хет-трик, а струмичани уште еднаш потврдија дека се еден од главните фаворити за највисок пласман.

По натпреварот, тренерот Александар Стојанов за Спортска Мрежа го изрази своето задоволство од изданието на своите избраници.

„Прво честитки за сите актери денес, најголемите честитки одат кон моите играчи. Фаворитската улога ја знаевме, но јас сум тренер кој секој противник го почитувам, а и цела недела работевме психолошки затоа што однапред добиените натпревари се најтешки. Само првите 30 минути според мене беа тешки односно не бевме на посакуваното ниво, некако бевме брзоплети во организацијата затоа што сакавме што побрзо да постигнеме гол. Дадовме гол и за брзо противникот се врати но пред полувремето влеговме во предност, а веќе на полувремето направивме некои корекции и второто полувреме беше вистинското како треба Беласица да изгледа“, изјави Стојанов за Спортска Мрежа

Стојанов откри дека овој дуел бил искористен и за ротирање на составот, давајќи шанса на повеќе играчи.

„Па кажав и претходно дека секој натпревар е важен и на секој натпревар треба максимално да се влезе, а и од тренерски аспект екипата која постигнала успех претходно не треба да се менува, инаку од претходниот натпревар со Скопје имаше само 2 измени во составот поради ситни повреди кај одредени играчи. Да напоменам дека во второто полувреме добија шанса повеќе играчи каде исто така и тие дадоа целосен допринос во конечниот резултат“, дополнува искусниот стратег Александар Стојанов во изјавата за Спортска Мрежа

Со оваа победа, Беласица ја потврди својата одлична форма и испрати јасна порака дека оваа сезона сериозно атакува на врвот на табелата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!