Втора лигаФудбал

ФОТО: Големо засилување во Радовиш: Иван Галевски во дресот на Детонит Плачковица

Сподели
Сподели

Амбициозниот второлигаш Детонит Плачковица во самиот финиш на летниот преоден рок се засили со офанзивецот Иван Галевски.

Се работи за 28-годишен фудбалер кој доаѓа од редовите на штипска Брегалница, својата кариера новото засилување на радовишани ја започна во Македонија ЃП, потоа беше дел од екс прволигашот Еуромилк од Горно Лисиче, настапуваше и за Кит Го од Пехчево, а потоа имаше и меѓународна кариера во Португалија, каде настапуваше за тимот на Луситано, од каде се врати и продолжи во Силекс, Струга, прилепска Победа, Брера Струмица, одново беше дел од Македонија ЃП и последно го носеше дресот на Брегалница.

Детонит Плачковица добива искусно име во нападот, а се работи за играч кој настапува на десната крилна позиција.

Во Прва македонска фудбалска лига Галевски има забележано 94 настапи.

ФОТО: Спортска Мрежа

Галевски се очекува своето деби да го има утре на мечот од 3. коло против Слога Виница на домашен терен во Радовиш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!