Втора лигаФудбал

Трансфер-бомба: Искусниот Николче Шаркоски го засили второлигашот Кожуф

Сподели
Сподели

Второлигашот Кожуф од Гевгелија доби големо засилување за новата сезона. Во редовите на тимот на тренерот Иван Варадиновски пристигна искусниот прилепски фудбалер Николче Шаркоски, кој ја продолжува својата кариера во јужниот второлигаш.

31-годишниот офанзивец се раздели со Вардар откако му истече договорот, а во новата средина ќе се обиде да ја пренесе својата богата прволигашка искуственост и да му помогне на Кожуф во остварување на амбициите.

Шаркоски во Вардар пристигна во јули 2024 година, откако претходно една сезона настапуваше за Воска Спорт, а претходно двапати го носеше дресот на Работнички. Во својата кариера беше дел и од Брера Струмица, како и од Победа во периодот од 2014 до 2018 година, додека првите професионални настапи ги имаше во тимот на 11-ти Октомври од Прилеп.

Со Вардар минатата сезона го освои Купот на Македонија, а за најтрофејниот клуб одигра 15 натпревари во шампионатот и постигна еден гол, додека во Купот настапи на три меча и забележа една асистенција.

Во својата досегашна прволигашка кариера, Шаркоски има одиграно 215 натпревари, постигнувајќи 27 голови и додавајќи 22 асистенции. Со своето искуство и квалитет, се очекува да биде значајно засилување за Кожуф во борбата за врвот на табелата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!