ФудбалЧетврта лига

Промоција на неколку нови фудбалери во Победа Ивањевци

Сподели
Сподели

Четвртолигашот Победа Ивањевци го засилување ростерот за новата сезона во Општинската фудбалска лига Битола. Нови имиња во тимот од Ивањевци се Денис Шабани и Мерсин Мемеди кои во пакет доаѓаат од редовите на Влазними Пресил.

Шабани игра како лево крило, а пак Мемеди е десно крило и треба да биде освежување во тимот на Победа од Ивањевци. Во клубот има и нов чувар на мрежата – се работи за Никола Ристевски од кој доаѓа од редовите на Младост Беранци, како и Бејтула Алимоски кој го засилува средниот ред, а пристигна од редовите на Далбеговци.

Екипата на Победа Ивањевци е засилена и со левиот бек Таркан Адемовски, а кој доаѓа од редовите на Пелагонија Трап, а во Победа Ивањевци исто така ново име е и Десимир Тошевски.

Од клубот има неколку заминувања – голманот Дарио Велевски кој го засили новиот третолигаш Могила, Никола Трајчевски кој замина исто така во новиот третолигаш Напредок Ношпал, а пак Даниел Паревски е во младинскиот тим на Пелистер.

„Од клубот имаме неколку заминувања, но веќе пронајдовме соодветна замена за истите. Костурот на тимот е сочува што беше важно за нас и истиот го засиливме со неколку фудбалери, со што одново ќе конкурираме за првото место“, вели тренерот на ФК Победа Ивањевци, Драганчо Велевски за Спортска Мрежа.

Екипата на Победа Ивањевци ќе се бори за влез во Трета лига – Југозапад.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!