Ракомет

ФОТО: Атлетик со јасна визија пред новата сезона – потврден стручен штаб, раководство и комплетен играчки кадар

Сподели
ФОТО: ЖРК Атлетик
Сподели

Женскиот ракометен клуб Атлетик од Скопје го потврди своето раководство, стручниот штаб и комплетниот играчки состав за новата сезона 2025/26, најавувајќи сериозни амбиции и борба за врвот на македонскиот женски ракомет.

Тимот ќе ги игра домашните натпревари во СЦ „Јане Сандански“, каде што ќе настапува и во Првата женска ракометна лига и Младинската женска лига на Македонија.

Во раководството на клубот се: Горан Стојков (претседател), Дејан Блажески (потпретседател), Ана Стојков (извршен директор), Ина Суслина (спортски директор) и Михаела Митреска (оперативен менаџер).

ФОТО: ЖРК Атлетик

Стручниот штаб го предводи Татјана Хмирова, која ќе ја има поддршката од асистентот Ивана Велковска, тренерот на голмани Тања Андрејева, кондицискиот тренер Дејан Пецаковски, физиотерапевтите Надица Маџовска и Нина Димковска, како и спортскиот психолог Кирил Насков.

  • Комплетен играчки состав на Атлетик за сезона 2025/26:

Голмани: Милена Пети, Ива Велковска, Матеа Чурлиновска
Леви крила: Моника Босилковска, Сандра Трпеска
Леви бекови: Анастасија Величковска, Михаела Кралева, Моника Митревска, Сара Богојеска, Калина Темелкова
Средни бекови: Миа Маринчов, Стефанија Ристиќ, Исидора Котеска
Десни бекови: Анастасија Дамјановска
Десни крила: Мирјана Думбалоска, Андреа Конеска
Пивоти: Наталија Дишковска, Алексија Ангелковска, Дафина Соколовска

ФОТО: ЖРК Атлетик

Атлетик влегува во сезоната со комбинација на искусни ракометарки и млади таленти, со јасна цел – да изгради конкурентен тим кој ќе се бори за висок пласман и ќе внесе свежа енергија во македонскиот женски ракомет.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!