Денес во тетовско Јегуновце се одигра пријателски натпревар меѓу повратникот во Втората лига, Тетекс и Кожуф од Гевгелија, а кој натпревар заврши без победник, со по еден гол (1:1).
Стрелец за тимот од Гевгелија кој го предводи Иван Варадиновски, беше новото засилување Албан Мемети, а тест натпреварот беше можност за проверка на формата на играчите од страна на тренерите.
Кожуф новата сезона ја отвара против Бреглница во Штип, а пак Тетекс ќе игра против Вардар Неготино на „Цвај Арената“.