Турнири

Започнува Богородица Куп 2025 – Волино подготвено за фудбалска магија (ЦЕЛОСЕН РАСПОРЕД)

Сподели
Сподели

Волино утре станува центар на фудбалските возбудувања! Со почеток во недела, 10 август 2025 година, стартува 27-то издание на турнирот „Богородица Куп“, годинава од меморијален карактер во чест на Крсте Илинкоски. На турнирот ќе настапат дури 31 екипа поделени во 8 групи, што го прави еден од најмасовните спортски настани во Македонија ова лето.

Првата вечер нè очекуваат три интересни дуели:
20:00 Брумел – Кафе бар Лавадо
21:00 Ресорт Бате Боле – Новапор
22:00 Блу Фиш – Кибо Пласт

Натпреварите ќе се играат секојдневно до 21 август, а љубителите на спортот ќе имаат можност да уживаат во богатата програма и атрактивната игра на теренот.

Овој спортски спектакл носи и висок награден фонд од 340.000 денари, кој дополнително ја зголемува мотивацијата на екипите.

По првпат, Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на турнирот, обезбедувајќи целосна покриеност и извештаи од сите возбудливи моменти.


  • Целосен распоред на натпревари

Недела 10.08.2025
20:00 Брумел – Кафе бар Лавадо
21:00 Ресорт Бате Боле – Новапор
22:00 Блу Фиш – Кибо Пласт

Понеделник 11.08.2025
20:00 Мартиник Мебел – Македонија
21:00 Гранит Х – Дооел Ноче
22:00 Чардак Велгошти – Гост. Кај Мече

Вторник 12.08.2025
20:00 Оровник Танче Мирчески – АД Галеб
21:00 Инекс Олгица и Спа – Дејан Војвода
22:00 Аце Најдески – Мешеишта

Среда 13.08.2025
20:00 Турист Инжинеринг – Том Гор
21:00 Лаз Бун – Кутмичевица Вевчани
22:00 Плажа Канео – Компани Стојкоски
23:00 Др Баткоски – Бел Мерцедес

Четврток 14.08.2025
20:00 Новапор – Кафе бар Лавадо
21:00 Искра – Екстра Скопско
22:00 Ескобар – Сатеска
23:00 Брумел – Ресорт Бате Боле

Петок 15.08.2025
20:00 Кибо Пласт – Дооел Ноче
21:00 Гранит Х – Блу Фиш
22:00 Македонија – Чардак Велгошти
23:00 Гост. Кај Мече – Мартиник Мебел

Сабота 16.08.2025
20:00 Дејан Војвода – АД Галеб
21:00 Оровник Танче Мирчески – Инекс Олгица
22:00 Мешеишта – Лаз Бун
23:00 Аце Најдески – Кутмичевица Вевчани

Недела 17.08.2025
20:00 Хотел Тино – Том Гор
21:00 Плажа Канео – Бел Мерцедес
22:00 Ескобар – Екстра Скопско
23:00 Др Баткоски – Компани Стојкоски

Понеделник 18.08.2025
20:00 Брумел – Новапор
21:00 Кафе бар Лавадо – Ресорт Бате Боле
22:00 Сатеска – Искра
23:00 Гранит Х – Кибо Пласт

Вторник 19.08.2025
20:00 Блу Фиш – Дооел Ноче
21:00 Инекс Олгица и Спа – АД Галеб
22:00 Мартиник Мебел – Чардак Велгошти
23:00 Гост. Кај Мече – Македонија

Среда 20.08.2025
20:00 Хотел Тино – Турист Инжинеринг
21:00 Мешеишта – Кутмичевица Вевчани
22:00 Аце Најдески – Лаз Бун
23:00 Оровник Танче Мирчески – Дејан Војвода

Четврток 21.08.2025
20:00 Бел Мерцедес – Компани Стојкоски
21:00 Сатеска – Екстра Скопско
22:00 Ескобар – Искра
23:00 Др Баткоски – Плажа Канео


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!