Прва лигаФудбал

СОСТАВИ: Вардар со Закариќ и Омерагиќ, Пелистер со најсилниот состав во Скопје!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Вардар и Пелистер ги открија составите за македонското „Ел Класико“ кое се игра вечерва во 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје под рефлектори.

Гоце Седлоски ќе игра во формација 4-2-3-1: На голот ќе биде Талески, во првиот состав се Јанкулов, Матиќ, Фаустин, Маневски, Донгмо, Босанчиќ, Данев, Закариќ, Мато и Омерагиќ.

На клупата за резерви се голманот Велковски, Најдовски, Тцимбембе, Спахиу, Мишковски, Талевски, Тодоровски, Дурански, Олаосебикан, Марковски и Кастенада.

Пелистер кој го предводи Димитар Капинковски на арената ќе истрча во најсилниот состав за „вечното дерби“. Формацијата која ќе ја игра Пелистер е 4-5-1.

На голот е Јовчевски, а во првиот тим се Стојановски, Ристевски, Здравковиќ, Бошковски, Белиќ, Спировски, Ристовски, Ристиќ, Булатовиќ и Ивановски.

На клупата за резерви се голманот Димовски, Ивановски, Грозданоски, Керим, Сиљаноски, Ангелевски, Крстевски, Наумоски, Тодороски, Здравевски и Миленковски.

Правдата ќе ја дели Александар Грујоски од Кичево, негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири од Гостивар и Дарко Јовчевски од Тетово, а четврт судија ќе биде Пларент Салихи од Тетово.

ВАР судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид, АВАР судија ќе биде Мишо Ѓорѓиески од Охрид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот шеф на стручниот штаб. Искусниот српски стратег Дејан Мијатовиќ е назначен...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со максимални 3:0 во сетови во рамките на 4. коло на Првата...

Поврзани написи
Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската...

ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!