Прва женска фудбалска лигаФудбал

Гоја Тчеури ново засилување за ЖФК Каменица Саса !

Сподели
ФОТО: ЖФК Каменица Саса
Сподели

Фудбалерката Гоја Тчеури ќе ја продолжи својата кариера во македонскиот шампионат, откако потпиша договор со ЖФК Каменица Саса. Таа пристигнува како ново засилување во тимот кој има амбиции за високи резултати и во домашното првенство и на меѓународната сцена.

31-годишната Гоја Тчеури ќе ја продолжи кариерата во редовите на ЖФК Македонска Каменица, откако пристигна од ЖФК Тиверија Брера, каде имаше одлична сезона.

Со ангажманот на искусната и брзонога фудбалерка, тимот од Каменица добива на квалитет и искуство, а од неа се очекуваат многу голови и асистенции од крилните позиции. Новата фудбалерка треба да биде значајно офанзивно оружје во борбата за нови победи и успеси во претстојната сезона.

Клубот верува дека нејзиното пристигнување ќе биде од големо значење за исполнување на целите во тековната сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот шеф на стручниот штаб. Искусниот српски стратег Дејан Мијатовиќ е назначен...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со максимални 3:0 во сетови во рамките на 4. коло на Првата...

Поврзани написи
Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската...

ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!