Втора лигаФудбал

Општина Прилеп со финансиска поддршка за спас на Победа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

На вчерашната 65-та седница на Советот на општина Прилеп беше донесена одлука за дополнителни еден милион денари поддршка кон фудбалскиот клуб Победа.

Поранешниот шампион на Македонија е во тешка ситуација, а со помошта од општина Прилеп се очекува веднаш собирање на екипата и започнување со подготовки за новата сезона која започнува на 23 август.

„Поради лошата состојба во моментов во ФК Победа, пред почетокот на Седницата, беше доставено и барање од ФК Победа АД – Прилеп, за финансиска поддршка од Општината за понатамошно функционирање на клубот за непречено натпреварување и функционирање на младинските школи. Поради итноста, барањето беше разгледано од Комисијата за финансирање и Буџет и беше донесена одлука за дополнителни 1.000.000 денари поддршка кон ФК Победа“, Совет на општина Прилеп.

Победа покрај тоа што ќе треба веднаш да ги започне подготовките, ќе треба да бара и играчи, бидејќи речиси сите играчи од првиот тим се заминати во нови среди, а се очекува според информациите на Спортска Мрежа враќање на прилепски фудбалери кои ќе треба да помогнат Победа да застане на стабилни нозе од аспект на резултати и да се цели кон директен опстанок – бидејќи поради кратењето на лигата испаѓаат последните пет екипи (од 16-то до 12-то место), а пак екипите на деветтото, десеттото и единаесеттото место играат бараж за опстанок.

Победа новата сезона во Втората лига ја отвара против Новаци.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!