Останато

Лина Ѓорческа во четвртфинале на турнирот во Куршумлијска Бања!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија, откако денеска во второто коло ја совлада Италијанката Виторија Паганети со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) по 100 минути игра. Во борбата за полуфинале, нејзина ривалка ќе биде Ксенија Зајцева.

Во првиот сет, по водството од 1:0 за Ѓорческа, Паганети направи серија од 3-0 и поведе со 3:1, но македонската тенисерка возврати со пет добиени гема во низа и го освои сетот со 6:3.

Вториот сет мина во знакот на постојаната предност на Ѓорческа, која поведе со 2:0 и 5:2, а во десеттиот гем ја искористи првата меч-топка за конечни 6:4.

Интересно е што Ѓорческа веќе има една победа над Зајцева во нивниот единствен меѓусебен дуел досега.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!