Втора лигаФудбал

Кристијан Чурлинов ново засилување за Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Шкендија Арачиново не запира со засилувањата во пресрет на дебитантската сезона во Втората лига. Ново име во редовите на тимот е десниот бек Кристијан Чурлинов, фудбалер со солидно искуство од македонскиот фудбал.

24-годишниот Чурлинов се приклучува на клубот со цел да даде дополнителна стабилност и сигурност во дефанзивната линија. Во својата кариера има настапувано за неколку домашни прволигаши, меѓу кои Скопје, Силекс и Саса Каменица, каде што беше дел од тимот во последната сезона.

Зад себе има 43 настапи во Првата македонска фудбалска лига и запишани четири асистенции, што го прави вредно засилување за амбициозниот второлигаш.Со ангажманот на Чурлинов, Шкендија Арачиново јасно става до знаење дека сериозно ги сфаќа предизвиците кои ги носи новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!