Втора лигаФудбал

Второлигашот Големо Коњари ги пушти во продажба сезонските билети за сезоната 2025/26

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Големо Коњари, нов член на Втората македонска фудбалска лига, ги пушти во продажба сезонските билети за натпреварувачката сезона 2025/2026. Цената на еден билет изнесува 1.000 денари.

Со оваа иницијатива, од клубот ги повикуваат сите навивачи и симпатизери да го поддржат тимот, при што секоја купена карта претставува директна финансиска поддршка и мотив за играчите во пресрет на предизвиците што ги носи повисокото ниво на натпреварување.

Сезонските билети може да се набават во клупските простории или преку контакт телефонскиот број 076-361-586 (Љупчо Бумбароски).

Во изминатата сезона, екипата на Големо Коњари беше шампион во Третата лига – Југ, со што обезбеди пласман во второлигашката конкуренција.

Новата сезона клубот ја отвора на домашен терен, каде ќе го пречека тимот на Детонит Плачковица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Дерби на Вардар Неготино и Пролет, Драчево Јуниор гостува во Радовиш, Аеродром против Овче Поле

Втората рунда од Првата ракометна лига носи четири средби кои ќе бидат одиграни утре и три натпревари в недела. Новајлијата Илинден на домашен...

Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа зошто се наоѓа на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа...

Прва лигаФудбал

Без голови во Кратово: Силекс пет кола чека на победа, Тиквеш продолжува без пораз

Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово, во натпревар во кој...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја започнува против Јувентус Серава, дерби на Форца и Шкупи

Денес во Фудбалската федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!