Прва лигаФудбал

Башкими продолжува со засилувања – потпиша и Марко Симоновски!

Сподели
ФОТО: ФК Башкими
Сподели

По повеќе од една деценија, кумановски Башкими се врати на прволигашката сцена, а според засилувањата во летниот преоден рок, јасно е дека тимот има сериозни амбиции за опстанок и долгорочна стабилност во македонската елита.

33-годишниот напаѓач доаѓа од тим кој исто така минатата сезона ја напушти Првата лига. Симоновски е фудбалер со богато искуство – на домашната сцена настапуваше за Вардар, Металург и Напредок, додека интернационалната кариера ја градел во Косово, Хрватска, Русија, Казахстан, Финска и Романија.

Со вакви потези, Башкими јасно дава до знаење дека е подготвен сериозно да се наметне во новата сезона и да ја задржи прволигашката лиценца.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје доби нов тренер – искусниот Дејан Мијатовиќ го презема македонскиот шампион!

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром го реши прашањето околу новиот шеф на стручниот штаб. Искусниот српски стратег Дејан Мијатовиќ е назначен...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД го „прегази“ Работнички за огромна радост на штипјани во „Џексон“

Македонскиот шампион Штип УГД забележа огромна победа над Работнички од Скопје со максимални 3:0 во сетови во рамките на 4. коло на Првата...

Поврзани написи
Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската...

ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!