Останато

Белорусинка Алина Жевлакова ново засилување на Пелистер Волеј

Сподели
ФОТО: ОК Пелистер Волеј
Сподели

Женскиот одбојкарски прволигаш Пелистер Волеј од Битола продолжува амбициозно да го оформува својот ростер за новата сезона во македонската Суперлига. Ново име во редовите на битолскиот клуб е белоруската техничарка Алина Жевлакова, која во Македонија доаѓа по настапите за албанскиот прволигаш Поградец.

Жевлакова има богато интернационално искуство и доаѓа од градот Мозир во Белорусија, каде што настапувала за тимот Жемчужина Полесја, освојувајќи златен, сребрен и бронзен медал во националниот шампионат и купот. Во сезоната 2023/24 беше дел од Атлант Барановичи, а минатата сезона ја заврши како бронзена медалистка во албанската Суперлига со тимот на Поградец.

Од клубот информираат дека преговорите со одбојкарката траеле речиси три месеци, но нејзината посветеност, енергија и борбеност биле клучните карактеристики што го натерале Пелистер да ја ангажира. Со оваа аквизиција, клубот дополнително го зацврстува својот суперлигашки идентитет.

Жевлакова е четвртото засилување на Пелистер Волеј ова лето, по ангажманот на американката Шиник МекГи и македонските одбојкарки Симона Стојановска и Ева Трпеновска. Клубот најавува дека засилувањата не запираат тука и наскоро ќе следуваат нови имиња во битолскиот состав.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!