Останато

Капитенот Никола Ѓорѓиев кариерата ја продолжува во Рапид Букурешт!

Сподели
Сподели

Еден од најдобрите македонски одбојкари, Никола Ѓорѓиев, ќе има нова дестинација во својата богата интернационална кариера. Во сезоната 2025/26 тој ќе го носи дресот на романскиот прволигаш Рапид Букурешт.

Трансферот го потврди самиот Ѓорѓиев преку објава на социјалните мрежи, каде откри дека со нетрпение го очекува почетокот на новата авантура.

„Во мојата 21-ва интернационална сезона ќе играм за екипата на Рапид Букурешт од Романија. Ова ќе биде деветта земја во која ќе настапувам и едвај чекам да ги запознаам моите нови соиграчи, тренери и фанови. Ќе дадеме сè од себе за да освојуваме трофеи. Нека биде Бог со нас“, напиша Ѓорѓиев.

Со преселбата во Романија, Ѓорѓиев ќе запише настап во деветтата земја од својата богата интернационална кариера. Претходно играше во Македонија, Словенија, Германија, Полска, Турција, Јапонија, Србија и Италија. Со над 20 години искуство на највисоко ниво, македонскиот репрезентативец ќе биде огромно засилување за амбициозниот состав на Рапид Букурешт.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!