Младински фудбалФудбал

ФК Детонит Плачковица со повик за упис во детската фудбалска школа за сезоната 2025/2026

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Детонит Плачковица од Радовиш ги отвора вратите за најмладите љубители на фудбалот. Клубот официјално ги започнува уписите во детската лига за генерации родени од 2013 до 2020 година за сезоната 2025/2026.

Младите фудбалери ќе имаат можност да тренираат во врвни услови, на терени со природна и вештачка трева, под надзор на лиценцирани тренери и веќе докажани фудбалери кои ќе го пренесат своето искуство и знаење на идните надежи.

Преку учество во Детската лига организирана од ФФМ, редовни натпревари, како и турнири низ Македонија и во странство, фудбалската школа на Детонит Плачковица нуди целосен и квалитетен развој на децата, со акцент на спортскиот дух, дисциплина и правилен раст.

Координатор на детските и младинските категории е Бојан Коцев, додека дел од тренерскиот тим се и Александар Чаракчиев, Зоран Ристов и Ѓорге Ристоманов.

Уписите и почетокот на тренажниот процес се закажани за 5 август 2025 година (понеделник), во периодот од 18:00 до 20:00 часот, на вештачките терени при градскиот стадион во Радовиш.

Сите заинтересирани може да добијат повеќе информации на телефонскиот број: 078/247-081 (Бојан Коцев).

ФК Детонит Плачковица упатува спортски поздрав до сите деца, родители и љубители на фудбалот – „Се гледаме на стадион!“

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!