Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Стојанова: Играме за нас самите, мотивацијата е на повисоко ниво, играме со противници кои ни се добро познати!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува селекцијата на Грција во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026.

По двонеделни подготовки (една во Маврово и една во Скопје) дамите се подготвени да направат чекор напред во однос на нивната игра и претставувањето на теренот. Тоа им е и главната амбиција во пресрет на последните две средби од циклусот, со оглед на тоа дека од претходно ги загубија шансите за учество на континенталниот собир.

„Мотивацијата е на повисоко ниво од претходните настапи, затоа што веќе почнавме да играме – ако може така да се изразам. Сега кога знаеме како можеме да играме, а ни следат дуели со уште поквалитетни репрезентации, тоа носи уште поголема инспирација да се покажеме во најдобро светло. Голема предност е што сме во комплетен состав овој пат, здрави и без проблеми. Играме со противници кои ни се добро познати и нема простор за изненадување. Направивме добра анализа, добри подготовки и наше е да одиграме најдобро што можеме. Играме за нас самите, свесни сме дека резултатски немаме што да загубиме. Истовремено овие натпревари може да ни дојдат и како добра увертира за веќе следниот циклус, во кој се надевам дека ќе одиме чекор напред. Сигурна сум дека на престојните натпревари ќе понудиме уште подобра игра од онаа во Европската лига, особено на првиот меч во Скопје“ – децидна е Тамара Стојанова.

Одбојкарките денеска и утре финишираат со темпирањето на формата во пресрет на неделниот меч со Грција.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!