Турнири

Голем фудбалски турнир: ЖФК Речица домаќин, доаѓаат Саса, шампионот Љуботен и гигантот Машинац од Ниш

Сподели
Сподели

Со цел промоција и унапредување на женскиот фудбал во Општина Куманово, под покровителство на Општината и ОФС Куманово, ЖФК Речица го организира традиционалниот турнир во женски фудбал „ЖФК Речица 2012 – 2025“.

Турнирот ќе се одржи на 9 и 10 август на стадионот во село Речица, Куманово.

Учесници на турнирот ќе бидат домаќинот ЖФК Речица, поранешниот шампион ЖФК Каменица Саса, актуелниот шампион ЖФК Љуботен од Тетово, како и српскиот гигант ЖФК Машинац од Ниш, кој е најтрофеен клуб во Србија.

Натпреварите ќе се играат под рефлектори. Во сабота (9 август), првиот натпревар започнува во 18:00 часот, а вториот од 20:00 часот. Во недела (10 август), натпреварот за трето место ќе започне во 17:30 часот, додека финалето е закажано за 19:30 часот.

Сите мечеви, освен финалето, ќе се играат по 2×40 минути. Финалниот дуел ќе се игра стандардно – 2×45 минути. Во случај на нерешен резултат, ќе се изведуваат пенали без продолженија.

Организаторот предвидува и поединечни и екипни награди – пехари за прво, второ, трето и четврто место, како и награди за најдобар играч, најдобар стрелец, најдобар голман и најдобар млад играч.


ЖФК Речица е клуб што настапува во Првата женска фудбалска лига и располага со сопствен модерен спортски комплекс – фудбалски терен со голема трибина, покриена трибина, рефлектори за вечерни натпревари, гардероби, теретана, како и капацитети за сместување на играчи.

Спортска Мрежа наскоро ќе реализира специјална емисија посветена на спортскиот комплекс и на ЖФК Речица, со цел подетално да го прикаже развојот на клубот и инфраструктурата која го издвојува на домашната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“...

Турнири

Џокер Фурна загуби од Клик Гевгелија на „Стојаково 2025“, Јанг Бојс кај јуниорите со висока победа!

Синоќа беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“,...

Турнири

Баламов Компани пресилен, реми на Џокер Фурка и Десива Транспорт на „Стојаково 2025“

Вечерва турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди неверојатни натпревари во сениорска...

Турнири

ФОТО: Радовишани вечерва пресилни на „Стојаково 2025“, многу погодоци кај јуниорите!

Вечерва се одиграа нови четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!