Втора лигаФудбал

Кожуф се засилува со Филип Дамевски и Михаил Танчев

Сподели
Сподели

Кожуф и натаму е активен на трансфер пазарот со тоа што тимот од Гевгелија договори две нови засилувања, станува збор за млади и талентирани играчи – Филип Дамевски и Михаил Танчев.

Дамевски е 18-годишен фудбалер кој доаѓа од младинските категории на Вардар, има настапувано и за младинскиот тим на Скопје, а во дресот на Вардар беше играч со најголема минутажа на фудбалскиот терен. Во есенскиот дел на сезона 2023/2024 тој ги одигра сите 990 минути за тимот на Вардар и се најде на врвот од листата на играчи со најголема минутажа.

Дамевски ќе биде одлично засилување и освежување во редовите на Кожуф, кој сега го води штипскиот стратег Иван Варадиновски.

Танчев кој игра како централен напаѓач има 18 години, а во Гевгелија доаѓа од Раднички Ниш, каде го помина пролетниот дел од минатата сезона. Танчев десет години беше дел од академијата на Вардар, настапувајќи за младинските категории на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, а потоа стекна и меѓународно искуство настапувајќи за Раднички од Ниш.

Овие две засилувања го надополнуваат ростерот на Кожуф.


Новата сезона екипата на Кожуф ја отвара во Штип против Брегалница, а првото коло се игра на 23 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!