Прва лигаФудбал

Две петочни дерби-пресметки ја отвораат новата сезона во Првата македонска фудбалска лига!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (2025/26) започнува спектакуларно во петок, 8. август, со две дерби-средби кои веќе ја вжештија атмосферата кај фудбалската јавност.

Првиот меч ќе се одигра во Тетово, каде Шкендија ќе го пречека Шкупи 1927 од 17:00 часот на градскиот стадион. Се очекува жестока борба помеѓу две од најамбициозните екипи оваа сезона, во дуел кој секогаш носи дополнителен набој.

Само неколку часа подоцна, под рефлекторите на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра вечниот македонски класик – Вардар против Пелистер, со почеток од 20:00 часот. Ривалството кое трае со децении повторно ќе ја разбуди фудбалската страст кај навивачите од двата града, а трибините се очекува да бидат исполнети до последно место.

  • Распоред за 1. коло од Прва МФЛ (2025/26):

петок, 8. август

  • Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | Тетово
  • Вардар – Пелистер | 20:00 | Скопје

сабота, 9. август

  • Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | Куманово
  • Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Струга

недела, 10. август

  • Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | Кавадарци

понеделник, 11. август

  • Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | Кратово

Сезоната започнува со силен ритам – сите погледи се вперени кон Тетово и Скопје овој петок!

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!