Во Струмица се одигра пријателски меч меѓу Беласица и новиот второлигаш Шкендија од Арачиново, а кој меч заврши со минимална победа за струмичани од 1:0. Стрелец на единствениот победнички гол за Беласица беше искусниот Бојан Најденов.
Стрелец на победничкиот гол беше Бојан Најденов, кој постигна гол за триумф. Цврст натпревар каде и двајцата тренери ја проверуваа формата. Беласица која е предводена од Александар Стојанов и Шкендија Арачиново која доби нов тренер во името на Љупчо Марковски – Калц.
Новата сезона екипата на Беласица ја отвара со гостување кај Охрид, тоа ќе биде и дерби на две екипи кои најавуваат борба за местата кои водат кон Прва лига, а пак Шкендија Арачиново на домашен терен ќе игра со Преспа, тоа ќе биде соочување на два нови второлигаши.
Новата сезона започнува на 23 август.