Останато

Калин Ивановски се повлече поради повреда во четвртфиналето во Куршумлијска Бања

Сподели
ФОТО: TФМ
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши својот настап на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања со пласман во четвртфиналето, откако денеска беше принуден да го предаде мечот против првиот носител Свјатослав Гулин поради повреда.

Натпреварот заврши во вториот сет при резултат 1-0 во сетови за Гулин и 3:1 во гемови. Во првиот сет, по израмнувањето на 1:1, рускиот тенисер направи серија од пет последователни гема и го освои сетот со убедливи 6:1. Во вториот сет, Ивановски поведе со 1:0, но потоа Гулин освои три гема по ред. При резултат 3:1 и по само еден одигран поен во петтиот гем, Ивановски реши да се повлече од натпреварот.

И покрај повредата, Ивановски се наоѓа на списокот на пријавени играчи и за наредната недела, повторно на турнирот во Куршумлијска Бања. Сепак, останува да се види дали ќе биде подготвен за настап.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!