Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Денес сениорките ќе ги дознаат противниците во квалификациите за Евробаскетот 2027

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Големи измени во системот за натпреварување во квалификациите за наредниот женски Евробаскет во 2027 година.

Вкупно 38. национални селекции кои го пријавија своето учество во квалификциите, ќе треба да поминат две фази, прва и втора квалификациска, преку четири „прозори“ на ФИБА.

Како ќе бидат распоредени ќе биде познато на свечената церемонија, односно ждрепката која е закажана за денес од 13.часот, ќе биде организирана во Минхен.

Нашата женска селекција, заедно со оние на Естонија,Кипар, Австрија, Ирска, Азербејџан, ја дочекуваат ждрепката во 4.група на носители.

ПРВА РУНДА КВАЛИФИКАЦИИ

Во првата квалификациска рунда, ќе играат 27. селекции во периодот од ноември 2025 до март 2026 година.

Тимовите ќе бидат поставени во шест групи по четири, и една од три (група „А“, група „Б“, група „Ц“ и група „Д“, и ќе играат според „раунд-робин“ систем, по три натпревари во секој квалификациски „прозорец“.

Победниците на групите и второпласираните, и трите најдобри според резултатите од првиот круг – вкупно 17, имаат прогрес во втората квалификациска рунда.

Репрезентациите на Белгија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Чешка, Турција и Унгарија ќе учествуваат на квалификациските турнири за пласман на Светското првенство во 2026 година, кои ќе се одржат во март, 2026 година, и нема да играат во оваа квалификациска фаза.

Освен тоа, Белгија, како една од четирите земји организатори, заедно со Финска, Литванија и Шведска, ќе бидат во заедничката група „Х“, и заедно со останатите седум, директно се квалификуваат за втората рунда од квалификациите.

Тимовите кои ќе бидат елиминирани во првата рунда ќе се „преселат“ во претквалификациите за ФИБА Евробаскетот во 2029 година.

ВТОРА РУНДА КВАЛИФИКАЦИИ

Втората рунда од квалификациите предвидува 24.национални тимови. Од нив, 17 се од првата квалификациска рунда, плус оние седум од квалификациските турнир за Светскиот Куп 2026 (Белгија, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Чешка, Турција и Унгарија).

Поделени се во шест групи по четири-учесници (вкупно шест натпревари во два ФИБА „прозорци“, ноември 2026 и февруари 2027, во секој од нив ќе бидат одиграни по три натпревари).

Двете првопласирани селеккции од секоја група, вкупно 12, ќе им се придружат на четирите домаќини на Евробаскетот во 2027 година (Белгија, Финска, Литванија и Шведска).

ЖДРЕПКА НА КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ

Тимовите се распределени во четири „шешири“ (според актуелниот ФИБА ранкинг во женска сениорска конкуренција.

Ко-организаторите на ЕП, репрезентациите на Белгија, Финска, Литванија и Шведска), ќе бидат ждребувани одвоени, и ќе ја формираат „Х“ натпреварувачката група.

ЛИСТА НА НОСИТЕЛИ

  • ПРВА ГРУПА

Србија, Велика Британија, Словенија, Црна Гора, Грција, БиХ, Словачка;

  • ВТОРА ГРУПА

Летонија, Португалија, Хрватска Украина, Полска, Швајцарија, Израел;

  • ТРЕТА ГРУПА

Луксембург, Холандија, Данска, Бугарија, Романија, Исланд, Норвешка;

  • ЧЕТВРТА ГРУПА

Естонија, МАКЕДОНИЈА, Кипар, Австрија, Ирска, Азербејџан;

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија У15 со гол во финишот до триумф над Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години забележа значајна победа од 3:2 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Задоволен сум од залагањето и дисциплината на оваа генерација

Репрезентацијата на Македонија до 18 години во изминативе неколку дена престојуваше на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години славеше со победа на втората контролна средба против Црна Гора

Денес во Струмица се одигра вториот контролен натпревар помеѓу младите селекции на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!