Втора лигаФудбал

Пред Слога Виница уште четири теста – генералка со Брегалница од Штип

Сподели
Сподели

Повратникот во Втората лига екипата на Слога од Виница ќе одигра уште четири пријателски натпревари за темпирање на формата.

Еден веќе одигра на градскиот стадион во Виница, против Тетекс, а кој го доби со минимални 1:0 со голот на Михаил Воинов.

Пред тимот предводен од Емил Грнев ќе има уште четири теста. На 26 јули Слога Виница дома ќе игра со Кожуф, а пак на 1 август ќе се тестира со Каменица Саса во Македонска Каменица.

За 9 август е закажана контролка со третолигашот Победа Валандово, а пак на 19 август ќе следува генералката со штипска Брегалница во Штип.

Новата сезона во Втората лига започнува на 23 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Словенија е компактна селекција и излегува моќно од дефанзива, но верувам дека со карактер можеме да дојдеме до трите бода

Македонската фудбалска репрезентација утревечер  со почеток од 20:45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра завршниот, шести меч од групната...

ФудбалФутсал

Каршиака го доби дербито на колото, Шутка 1 даде 15 гола, а Овче Поле се враќа со три бода од Прилеп

Дербито на 5. коло на Втората футсал лига му припадна на тимот на Каршиака, откако со 7:5 го доби соочувањето со Црна Река...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!